Утрински Весник
Спорт

Белгиската фудбалска лига утре ќе одржи состанок

Реал Мадрид едвај се спаси од срамен пораз против Бриж во ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Брисел, 26 април 2020 (МИА) – Белгиската професионална фудбалска лига, која организира состанок во понеделник, најверојатно ќе ја одложи официјалната одлука за крај на сезоната.

Ова значи дека првенството во Белгија може да се доигра откако ќе се нормализира состојбата околу пандемијата на коронавирус.

Средбата во лигата со вкупно 24 клуба членки веќе е одложена двапати, а тоа ги засили шпекулациите дека би можел да се игра белгискиот шампионат, наспроти првичното решение за крај.

Белгија беше првата земја што објави дека ќе го прекине шампионатот и ќе ги преземе актуелните пласмани како конечни, а Бриж беше прогласен за шампион.
Земјата од Бенелукс е една од најтешко погодените од пандемијата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025