Утрински Весник
Спорт

НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај да ги отворат центрите за тренинзи

Предлагаат 50 отсто намалување на платите во НБА

Њујорк, 26 април 2020 (МИА) – Раководството на НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај повторно да ги користат нивните центри за обука. Ова го објави новинарот на ЕСПН, Адријан Воинаровски, на Твитер.

Клубовите лоцирани во државите кои ги намалија нивните карантински мерки поради пандемијата на коронавирус ќе можат повторно да ги користат нивните сали за тренинзи.

Ваквата одлука не значи дека натпреварите во редовна сезона во НБА лигата ќе продолжат. Прашањето за рестартирање на сезоната сè уште не е решено.

Во исто време, центрите за обука ќе бидат отворени само за индивидуална работа, но групните активности сè уште се забранети. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја