Утрински Весник
Македонија

Поведена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA),  стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​ дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ