Лондон, 26 април 2020 (МИА) – Тотенхем е уште еден клуб што се вклучува во борбата за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Дејли мекл“. Конкуренцијата за Хрватот е доста сериозна, откако интерес за него пројавуваат и Атлетико Мадрид, Севиља, Јувентус и Наполи.
Пред неколку дена, Ракитиќ, кој има договор со Каталонците до летото 2021 година, призна дека е разочаран од раководството на клубот, кое го третирале како „вреќа компири“. Хрватот се осврнуваше на фактот дека Барса го користеше неколку пати како „монета за размена“ во своите понуди за други играчи.
Ракитиќ (32) не е единствениот играч од средниот ред на Барселона кон кој гледа Жозе Мурињо. Португалецот сака да го привлече и Артур. Каталонците, од своја страна, имаат интерес за Танги Ндомбеле од Тотенхем и за возврат веќе им ги понудија Самуел Умтити и Нелсон Семедо.
Сето ова значи дека може да се очекува размена на играчи меѓу двата клуба.