Утрински Весник
Македонија

МВР: Седумдесет и едно лице не го почитувало полицискиот час, приведени 55 лица

МВР: Седумдесет и едно лице не го почитувало полицискиот час, приведени 55 лица

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Полицијата евидентирала 71 лице кои во изминатото деноноќие не го почитувало полицискиот час. Притоа привела 55 лица, а на останатите им зела податоци по што, како што соопштуваат од МВР ќе бидат преземени мерки.

-Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 25/26 април по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информират од МВР.

Според статистичките податоци  на МВР изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на Кичево