Утрински Весник
Спорт

Нема да има натпревари со маски во Бундеслигата

Бундеслигата со посебни мерки за заштита на судиите

Минхен, 26 април 2020 (МИА) – Натпреварите во Бундеслигата нема да вклучуваат фудбалери кои носат маски, увери германскиот министер за труд и социјална грижа Хубертус Хајл.

Како што е познато, натпреварите од германската елита скоро сигурно ќе продолжат на 9 мај и нема да има навивачи на стадионите. Во последниве денови, сепак, се појави идејата фудбалерите да носат заштитни маски.

– Мислам дека не се можни натпревари со маски. Преговаравме со лигата, направивме добра работа и можеби ги најдовме вистинските решенија, изјави Хајл за „Шпигел“.

Дуелите во Бундеслигата беа прекинати во март заради пандемијата од коронавирус.

Последниот збор за тоа кога ќе почне првенството ќе биде на германската влада.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина