Утрински Весник
Македонија

Прилепскиот Центар за социјални работи решава проблеми со старателство и повеќекрано зголемени барања за социјална помош

Прилепскиот Центар за социјални работи решава проблеми со старателство и повеќекрано зголемени барања за социјална помош

Прилеп, 25 април 2020 (МИА) – Во прилепскиот Центар за социјални работи е зголемен обемот на работа. Повеќекратно се зголемени барањата за еднократна и за гарантирана социјална помош, а социјалните работници имаат зголемен обем на работа поради проблемите што ги создаваат старателите на децата.

Според Дејан Тошески, в.д директор на Центарот за десетина пати се зголемени барањата за еднократна, а за околу четирипати повеќе се барањата за гарантирана социјална помош.

-Во овој период се соочуваме со зголемен број барања за еднократна парична помош и со зголемен број барања за гарантирана минимална помош. За десетина пати се зголемени барањата за еднократна, а за преку четирипати се зголемени барањата за гарантирана парична помош. Или, дневно има од 70 до 100 барања за еднократна помош, а од 10 до 15 се дневните барања загарантирана парична помош. Во соработка со Црвениот крст и со хумани организации и граѓани, обезбедуваме пакети со храна за најранливите категории граѓани, вели Тошески.

Тошески посочува дека, за среќа, немаат зголемен број пријави за семејно насилство ниту во обем да има животозагрозувачки ситуации. Но, голем проблем има со злоупотребата на старателството на децата во разведените бракови. Еден од родителите ги злоупотребува вонредната ситуација и полицискиот час.

– За среќа, немаме зголемен број на предмети за семејното насилство. Единствен проблем што се јавува е одржувањето на средбите со родителот каде не е доверено детето. Добар дел од родителите ја искористуваат оваа криза за да не ги предаваат децата. Апелираме да бидат пофлексибилни во средбите, да се приспособуваат на полицискиот час зашто, како институција немаме можност толку брзо да ги менуваме решенијата за средби како што се врши промената на полицискиот час. Апелот е до родителите интересот на децата да го стават во прв план и средбите помеѓу родителите и децата да се одржуваат непречено. Вакви случаи имаме над 50. Од практиката, најголем проблем прават мајките кои оваа ситуација сакаат да ја злоупотребат и да не ги дадат децата на татковците, изјави Тошески.

Социологот Зоран Малкоски појаснува дека активно се работи на решавањето на проблемите.

-Во овој период работиме на надминувањето на недоразбирањата помеѓу родителите. Телефонските линии постјано ни се отворени, имаме стручни работници кои комуницираат со граѓаните. Во овој момент немаме сериозни, животозагрозувачки проблеми што се однесува до семејното насилство. Социјалните работници прават проценка на ситуацијата. Доколку е потребно излегуваат на теренот или ги повикуваат странките. Дел од родителите ја злоупотребуваат ситуацијата, објаснува Малкоски.

Инаку, за да се заштитат вработените и граѓаните, приемот на странките е на влезот од Центарот за социјални работи. Тука се оставаат барањата. Доколку се појави потреба од сослушување, странката се повикува во посебна просторија, се сослушува, се составува записник и стручните служби продолжуваат со работата.ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим