Утрински Весник
Македонија

Во Крушево инфраструктурни зафати, се оспособува локален пат

Во Крушево инфраструктурни зафати, се оспособува локален пат

Крушево, 25 април 2020 (МИА) – Во Крушево се активираат инфраструктурните работи, а деновиве актуелно е оспособувањето на патот од градот до населеното место Пуста Река.

Крушевското комунално претпријатие „Комуна“ го чисти и го проширува патот кон Пуста Река, за потоа патот да се асфалтира кој е во должина од еден и пол километри.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, овој проект е еден од трите големи капитални проекти од патната инфраструктура кои ќе се реализираат годинава.

-Обезбедивме средства преку Јавното претпријатие за државни патишта и овој проект целосно ќе го имплементира јавното претпријатие „Комуна“ зашто патот е многу лош, а жителите многу често го користат. И покрај ситуацијата со коронавирусот, мораме да продолжиме со работа, секако почитувајќи ги сите мерки и препораки, вели Христоски.

Се очекува крушевското јавно комунално претпријатие на овој дел да работи десетина дена кога теренот ќе биде подготвен за асфалтирање. Овој пат не е целосно реконструиран повеќе од четири децении. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија ќе ни даде четири локомотиви за влечење на товарни вагони

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица отворен на одреден период