Лајпциг, 25 април 2020 (МИА) – Раководството на РБ (Лајпциг) не знае ништо за евентуалниот трансфер на Тимо Вернер во Ливерпул. Вчера „Скај Спорт“ напиша дека младиот германски репрезентативец го одбрал „Енфилд“ за следниот чекор во неговата кариера, при што тимот од Мерсисајд се очекува да ја активира својата клаузула од 60 милиони евра најдоцна до средината на јуни.
– Ниту Тимо не споделил ништо со нас, ниту пак имало барање на клупско ниво. Овие гласини демнат во просторот со недели, но засега ништо нима ново, рече спортскиот директор Маркус Кроше.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона е исто така во добра позиција да го привлече Вернер. Пред пандемијата се водеа разговори меѓу клупските службеници и таткото на напаѓачот.
Баерн (Минхен) и Челзи се останатите главни претенденти.