Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ги миеше булеварите и улиците во текот на ноќта

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ги миеше булеварите и улиците во текот на ноќта
300x250 opst2

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека во текот на минатата ноќ со помош на пет автоцистерни спроведено е машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на Град Скопје.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје Абдусамед Шабани изјави дека машинското миење на скопските булевари и улици е една од најзначајните активности што ги спроведуваат во насока на спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

-Екипите на претпријатието ги мијат сите јавни сообраќајни површини и по два пати во рамки на едно деноноќие, а наш главен приоритет е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните, посочи Шабани. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен