Утрински Весник
Македонија

Пандемијата нов удар за печатените медиуми во Велика Британија

Пандемијата нов удар за печатените медиуми во Велика Британија

25 април 2020

Тајмс оф Индија/АФП

Екстремно ослабени од кризата предизвикана од новиот коронавирус, медиумите во Велика Британија стравуваат за нови жртви меѓу бројните локални печатени медиуми, при што некои ја повикуваат државата да собере пари од дигиталните гиганти за да им помогне.

Добро воспоставените институции, како што е Би-Би-Си, биле сведоци нивната публика да не успее во потрагата по веродостојни информации, пред огромната количина лажни вести што кружат од почетокот на здравствената криза.

Но, тоа е, всушност, „многу слаб сјај на надеж во ужасен црн облак“, според главниот уредник на компанијата, Иан Мари.

Реалноста е различна за повеќето медиуми: кризата ризикува да заврши со многу од нив, кои со години се во лоша форма, особено во обилниот локален британски печат.

Помеѓу 2005 и 2018 година, веќе   250 локални ,едиуми спиуштија капаци. И од почетокот на тековната криза, над 2.000 лица, претежно не-новинарски кадри, се отпуштени во 500 различни изданија, според Прес Газет, списание специјализирано за новинарска професија.

Причината? Колапсот на продажбата на печатени изданија се должи на изолацијата и половина договорен пазар на рекламирање. Според анализата на „Enders analysis“, медиумите оваа година може да ги намалат тиражите за половина и приходите од рекламирање за скоро третина, што е еквивалентно на 330 милиони фунти (372 милиони евра).

„Последната фаза“

Некои бизниси проектираат загуба од неколку милиони фунти во приходите и веќе ги намалија платите, понекогаш бараат од персоналот да работи помалку часови или да земе неплатен одмор. Други најавија спојувања или предупредија дека може да се затворат целосно.

Според аналитичарите од индустријата, загрозени се до 5.000 работни места.

Министерот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт Оливер Дауден ги процени загубите на овој сектор на 50 милиони фунти (57 милиони евра) за време на пандемијата. Особено откако некои поголеми медиуми излегоа со слободен пристап до сите содржини поврзани со Ковид-19.

Кризата нема да заврши со изолацијата, според поранешниот уредник на Дејли Мирор, Рој Гринслејд, и покрај напорите и идните стратегии за преориентирање на редакциите.

Периодот што ќе следи по епидемијата „најверојатно ќе ја одбележи последната фаза на долго опаѓање на пеќатените изданија на весниците“, предвидува Гринслејд, кој сега е колумнист во „Гардијан“.

Без „итна“ помош од владата, голем број ќе бидат принудени да престанат да излегуваат, вели Џејмс Мичинсон, главен уредник на „Јоркшир Пост“, локален весник на северот на Англија.

„Мерките што ги презедовме за намалување на трошоците не го компензираат падот на приходите од рекламирање“, рече тој неодамна за „Сандеј тајмс“.

Значителна финансиска инјекција

Според него, на печатот му се потребни „субвенции“ и промена во правилата на системот за компензација создаден од британската влада од почетокот на пандемијата на коронавирус. Целта е да им се овозможи на „клучните вработени“, како што се новинарите, да „работат наместо да го симнат оружјето“ кога нивните уредници веќе не можат да ги плаќаат.

Со цел да се соберат средства потребни за поддршка на медиумите на долг рок, Ен-Ју-Џех (NUJ) ја повикува владата да го зголеми износот на новиот данок на дигитални гиганти, кој стапи на сила на 1 април.

Данокот од 2 проценти се очекува да достигне „500 милиони фунти годишно“ (570 милиони евра), рече генералниот секретар на Ен-Ју-Џеј, Сијмас Дули.

Според него, „тројно“ овој процент би овозможил „непосредно и значајно финансиско вбризгување“ во сектор чиј приход од рекламирање редовно се апсорбира од дигиталните гиганти.

„Да не се ​​направи ништо не е опција“, рече Дули, за кого пандемијата е можност за акција пред одредени делови на Велика Британија да се најдат себеси лишени од регионални публикации, кои се одговорни, меѓу другото, и за надзор над локалните власти.

„Иронично, новинарството никогаш не било во таква деликатна позиција, во време кога е поважно од кога било“, додаде тој. зш/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи

МУ КАЖУВАМЕ ЗБОГУМ НА ДОЛГОТО ТРОПСКО ЛЕТО: Од понеделник доаѓа вистинска есен на Балканот и во Македонија, ќе ни треба и потопла облека