Утрински Весник
Македонија

Патиштата претежно суви, се препорачува внимателно возење низ клисурите

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонските државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Граничните премини за влез во државата се затворени и за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и за тие со соодветна дозвола од МВР. мч/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер