Утрински Весник
Економија

Граѓаните можат доброволно да одлучат повратот од „МојДДВ“ да го донираат во Буџетот за справување со КОВИД-1

Скенирани близу три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ кон граѓаните 25,3 милиони денари

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Владата донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од ДДВ за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во државниот Буџет поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот.

Како што соопшти владината прес-служба, физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

– За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година, стои во соопштението за одлуките од денешната седница на Владата.
На седницата е донесена и Уредба за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба. Со неа се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на Данокот на додадена вредност, за периодот од 1 до 28 февруари, заклучно со 30 април годинава.  Се овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на ДДВ за период  1 до 31 март годинава и за периодот од 1 јануариу до 31 март годинава, исто така заклучно со 30 апрул годинава.  Се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на ДДВ за период од  до 30 април, заклучно со 31 мај годинава. лв/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија