Утрински Весник
Македонија

Трошоци за болничко лекување на Ковид-19 не плаќаат здравствено неосигураните, можно е да се земат предвид и оние кои плаќаат партиципација

На Инфективна клиника хоспитализирани четворица со компликации од грип од кои едно во тешка состојба, а осум со симптоми

 

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да ја земеме предвид и партиципацијата. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција во врска со тоа дали пациентите со Ковид-19 кои се хоспитализирани плаќаат партиципација.

За соопштението испратено од директор на една клиника до вработените во кое им порачува дека излегување во медиуми е дозволено само со писмена согласност од директор и оти ќе биде санкционирано секое излегување во медиумите кое и штети на угледот на клиниката и ја разнишува довербата на вработените во услови на криза и влева недоверба во постапувањето  на епидемиолошките служби и институциите на системот, рече дека ќе го провери и ќе информира што е причината за ваквата комуникација со вработените.

-Разговарав со директорката непосредно пред започнувањето на прес-конференцијата и ја замолив да ми ги прати сите мејлови и комуникација. Лично не се согласувам со ограничување на информациите. Стојам зад тоа отворено, транспарентно и точно да информираме во било кој момент и дека не поддржувам какво било ограничување на каква било комуникација. Ќе разговарам, па ќе информирам што е причината или позадината на ваквата комуникација, потенцира Филипче. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ