Утрински Весник
Македонија

Во Дебар и Центар Жупа во тек скринингот за имунитет, направени околу 1.300 тестови

Во Дебар и Центар Жупа во тек скринингот за имунитет, направени околу 1.300 тестови

Дебар, 24 април 2020(МИА) – Во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава, во тек е скринингот за имунитетот на населението.

Според 14 матични лекари, направени се  околу 1.300 тестови, a се работи од 8:00 до 15 часот, дел и подолго, а се врши тестирање и дома на поизнемоштени лица.

-Со тестирање почнавме од вчера и до денеска со екипата од мојата амбуланта имаме направено над 120 тестови. Јас како матичен лекар треба да направам 240 тестови што е околу 30 отсто од вкупниот број осигуреници чиј матичен лекар сум јас. Напорно е бидејќи даваме и други здравствени услуги, но сепак во интерес на здравјето на нашите граѓани ќе ја реализираме и оваа обврска, изјави за МИА,Африм Маќелара, матичен лекар.

Додава дека, врз основа на препораката од Министертвото за здравство, тестирањето ќе се врши на четири категории осигуреници и тоа на деца до четири годишна  возраст,
потоа од пет до 14 години, од 25 до 64 години, како и на лица над 65 години. Тоа значи ќе бидат опфатени 30 отсто од осигурениците или над 2.300 лица.

Инаку, според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, на домашно лекување во Дебар се уште две лица заразени од „Ковид-19“,од нив еден здравствен работник.

-Ним по два дена ќе им се направи ретест. По добиениот резултат, доколку е негативен, по три дена од добиениот резултат ќе им се направи уште еден тест и доколку повторно биде негативен , ќе се смета дека се оздравени, вели Халили.

Во Дебар веќе деветти ден нема ново заразени лица. Вкупната бројка останува 51, од нив две лица, кои беа и првозаразени, се од Центар Жупа. Оздравени се 45 лица а четири починаа,тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа. вт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија