Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп денеска нема регистрирани новозаболени, се делеа заштитни маски

Прилепчани дисциплинирано со заштитните средства, подарени 15.000 маски

Прилеп, 24 април 2020 (МИА) – Во општина Прилеп денеска нема регистрирани нови случаи на лица заболени од коронавирусот, но будноста останува во здравствените институции. На инфективното одделение во прилепската болница моментално се хоспитализирани 17 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во одделот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 356 лица.

Во текот на денот градските власти на претседателите на урбаните заедници им дистрибуираа дополнителни 3 500 заштитни маски за да им се поделат на жителите. А поради зголемената фреквенција на луѓе за време на одбележувањето на празникот Голем Петок – Балаклија, пред манастирот „Св.Архангел Михаил“ и црквата „Св.Димитрија“ во населбата Варош, на граѓаните им беа поделени 1 500 заштитни маски. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка