Утрински Весник
Спорт

Рој Кин ги повика играчите да не ги намалуваат платите

Рој Кин смета дека борбата за титулата во Англија е завршена

Манчестер, 24 април 2020 (МИА) – Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, се спротивстави на кампањата, што клубовите ја презедоа, за да ги натераат своите играчи да ги намалат своите плати во услови на криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Според него, нема смисла што големите клубови со богати сопственици да вршат таков притисок врз фудбалерите.

– На играчите им се врши притисок да ги намалат своите плати, во големи клубови со богати сопственици. После начинот на кој заминав од Манчестер Јунајтед, јас сега не би прифатил никаква понуда да ми ја намалат платата , ако бев во некој од големите клубови. Не е работа на другите што ќе правите со вашите пари.Земете си ги платите и ако сакате да бидете великодушни, сторете го тоа! Мислам дека играчите не треба да бидат под притисок од клубовите, особено од големите клубови. Секој поединечен договор е лична работа. Нема поента во идејата сите играчи да ги намалат платите. Тоа е нешто индивидуално, изјави Кин за „Скај Спортс“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа