Утрински Весник
Спорт

Финалето на германскиот фудбалски куп одложено на неодредено време

Финалето на германскиот фудбалски куп одложено на неодредено време

Берлин, 24 април 2020 (MIA) – Финалето и полуфиналињата на германскиот фудбалски куп се одложени на неодредено време заради пандемијата на коронавирусот, објави денеска раководството на Фудбалскиот сојуз на земјата.

Натпреварот за вториот највреден трофеј во германскиот фудбал требаше да се одржи на 23 мај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, но натпреварот нема да се случи тогаш.

Шампионатите во Првата и Втората Бундеслига се прекинати барем до 30 април, а клубовите се надеваат дека ќе можат да ги продолжат на почетокот на мај, но тоа воопшто не е сигурно.

Властите во Германија следната недела ќе се сретнат со гувернерите на одделните провинции во земјата, за да разговараат за опциите за олабавување на мерките, овозможување и можно продолжување на продолжувањето на фудбалот.

Според претседателот на сојузот, Фриц Келер, дури и ако се игра финалето на купот, тоа ќе биде пред празни трибини.

Во полуфиналето Баерн Минхен се среќава со Ајнтрахт Франкфурт, додека нисколигашот Сарбрикен е домаќин на Баер Леверкузен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк