Утрински Весник
Свет

Уште четири тигри и три лава од зоолошка градина во Њујорк се позитивни на корона вирус

Photo 1551022345 84679f5d61d5

Уште седум големи мачки, од кои четири тигри и три лава во зоолошката градина Бронкс во Њујорк се позитивни на коронавирусот, објави National Geographic. Ова се случува три недели откако се зарази првиот тигар во зоолошката градина. За другите седум мачки се претпоставуваше дека се заразени бидејќи покажувале симптоми на вирусот.

Надлежните од зоолошката градина веруваат дека животните се заразени од вработен кој се грижел за нив, а бил во асимптоматична фаза на вирусот.

Четиригодишната женка тигар беше тестирана на 27 март, откако почнала да покажува знаци на вирусот. Зоолошката градина беше затворена за посетители 11 дена претходно поради рестриктивните мерки предвидени за спречување на ширење на корона вирусот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30