Утрински Весник
Македонија

Инспекторите констатирале одредени недостатоци за средбата во Куманово

Инспекторите констатирале одредени недостатоци за средбата во Куманово

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово, е завршен на 18 април и констатирани се одредени недостатоци.

Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова – Бухова, која рече дека ДСЗИ може само да апелира и да го потврди фактот дека сите лица мораат да се придржуваат кон препораките на Комисијата за заразни болести односно да се придржуваат кон носење лична заштитна опрема и држење на социјална дистанца.

– Овој предмет е завршен, предаден во МВР и Министерството за здравство, додаде Сотирова – Бухова одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министрите за здравство и за образование и наука, Венко Филипче и Арбр Адеми и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кои присуствуваа на средбата во Куманово, вчера објавија дека нивните тестови за Ковид-19 се негативни. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор