Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ постигна гол во контролната за Хамарби (видео)

Со „Добредојде Златан“, раководството на Милан го пречека Ибрахимовиќ пред натпреварот со Сампдорија

Стокхолм, 24 април 2020 (МИА) – Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ги демонстрира своите квалитетни. 38-годишниот напаѓач се запиша во пријателски меч на Хамарби. Клубот објави дека контролната не може да се дефинира како официјален натпревар, туку повеќе како тренинг сесија.

Хамарби, во кој Ибрахимовиќ има значителен удел, и ФК Фреј беа поделени во три екипи и одиграа два натпревари од по 30 минути.

Фудбалерот на Милан го откри резултатот непосредно по почетокот на натпреварот. Тој беше сам против голманот, напредуваше и ја испрати топката поред голманот. Калили реализираше за 2-0 и натпреварот заврши. Во вториот натпревар екипата на Златан одигра 1-1.

Пријателските натпревари предизвикаа голем интерес во Шведска, каде фудбалот е запрен и се пренесуваа во живо на локалната телевизија.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024