Утрински Весник
Економија

Државен инспекторат за труд: Поголем дел од работодавачите ги почитуваат мерките за заштита на вработените од коронавирусот

Државен инспекторат за труд: Поголем дел од работодавачите ги почитуваат мерките за заштита на вработените од коронавирусот

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот, констатирал Државниот инспекторат за труд во рамки на своите инспекциски надзори.

-Државниот трудов инспекторат во насока на заштита на работничите права реализираше вкупно 3.236 инспекциски надзори при што се донесени 42 решенија и 152 укажувања за работодавачите кои не ги почитувале препораките на Владата, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Поголемиот дел од овие надзори, направени од 19 март до 21 април биле поврзани со постапување со претставки за платено отсуство на родител на дете под 10 години, самохран родител, бремени жени и хронично болни лица. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!