Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – На 23.04.2020 во 13.45 часот на ул.„28 Април“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Љ.С.(30) од Скопје, бидејќи во Полициска станица Охрид М.В.(64) од Охрид пријавила дека околу 13.20 часот, во куќа на ул.„28 Април“, влегол Љ.С. и со закана со нож се обидел да изврши разбојништво, по што бил совладан од пријавителката и присутните лица на местото на настанот.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР денеска соопшти дека на 23.04.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Битола, 44-годишна жена од Битола пријавила дека околу 14.00 часот во хотел во Битола, со употреба на физичка сила Т.И.(49) од с.Дедебалци, битолско, извршил обљуба над неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.04.2020 во 04.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека спроти хотел во Скопје, на ул.„Кеј 13 Ноември“, настанал пожар, при што биле опожарени три трафики. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 23.04.2020 во 16.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека В.Б.(17) од Пробиштип на ул.„Тодор Александров“ во Пробиштип била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

На 23.04.2020 во 13.40 часот во СВР Скопје, В.Н.(39) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од Б.Н.(37) од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.04.2020 во СВР Скопје, Љ.З.(54) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против тројца малолетници на 17, 16 и 14 години сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”. На 23.02.2019 кај Спомен костурницата во Куманово, пријавените физички го нападнале А.А., кој се здобил со повреди.

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Б.Л.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“. Пријавениот, на 29.01.2020 во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Струга пријавил губење на неговата македонска патна исправа, издадена од страна на МВР, ОВР Струга на 06.09.2018, на име А.Б., со кое именуваниот се служел до 24.01.2020, кога извршил промена на личното име од А.Б. во Б.Л. При спроведување на управната постапка за издавање дупликат патна исправа, осомничениот пред полициските службеници во Одделението за прекуграничен криминал миграции, странци и реадмисија Струга дал лажен исказ дека македонската патна исправа ја изгубил во Струга, на 28.01.2020, за што бил составен Записник на кој осомничениот лично се потпишал.

СВР Охрид и СВР Битола поднесоа 20 кривични пријави против: У.Ф.(59) од Дебар, Б.А.(42), С.Л.(77), М.Ц.(37), В.Ј.(21), Г.Р.(18), А.М.(23), С.Л.(77), сите седуммина од Кичево, П.Г.(66) од с.Вранештица, кичевско, Ж.В.(48), З.Б.(52), Ш.Д.(22), тројцата од Битола, Г.Г.(43) и Д.Б.(40), двајцата од Горно Оризари, битолско, Ј.Ј.(47), од Македонски Брод, Љ.З.(30) од с.Колари, кичевско, С.Н.(28), А.Д.(33), В.А.(38), Р.А.(67), сите четворица од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 31.03.2020 до 01.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија