Утрински Весник
Македонија

Приведено лице по потерница за „трговија со луѓе“

„Вечерње новости“: Уапсениот државјанин на РСМ сакал да произведува муниција во „Сувенир Самоков“

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Полицијата вчера околу 16.30 часот, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привела В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

При приведувањето на В.Ф. се обидел да избега, соопштија денеска од МВР, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство