Утрински Весник
Економија

АХВ за еден месец спроведе 1.645 инспекциски контроли

АХВ за еден месец спроведе 1.645 инспекциски контроли

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 19 март до 21 април спроведе 1.645 инспекциски надзори и изрече пет глоби.

Како што соопшти денеска претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, АХВ извршила контроли во маркети, угостителски објекти, зелени пазари, месарници и производствени објекти.

-Изречени се и 75 казнени мерки – едукации, поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и уште 64 репниа за лоша општа хигиенска состојба по кои правните субјекти веднаш постапуваа, истакна Филиповска Грашкоска.

Таа на прес-конференција во Владата информира дека во спомнатиот период,

Шесте инспекциски институции во земјава од 19 март до 21 април спровеле вкупно 33.173 надзори. од нив повеќето, 26.569, се од Државниот пазарен инспекторат кој затворил 162 угостителски објекта кои не ги почитувале мерките на Владата. мч/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Намалување на цените на горивата