Утрински Весник
Македонија

Фатен дрвокрадец во Радовиш

Фатен дрвокрадец во Радовиш

Радовиш, 24 април 2020 (МИА) – Во акција на Шумската полиција и полициски службеници од Полициската станица во Радовиш денеска е откриен дрвокрадец, кој со запрега превезувал буково огревно дрво.

Дрвокрадецот е откриен на влезот во Радовиш од планината Плачковица на улицата „Коџа Баир“.

Во реализирањето на акцијата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Како градоначалник и општина силно ги поддржуваме акциите за откривање дрвокрадци. Апелирам до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци и со тоа да дадат свој придонес во спречувањето на дрокрадството, рече градоначалникот Конзулов.

Во последниот период, посебно кога во сила е забраната за движење на граѓаните, зачестија кражбите на огревно дрво во Струмичко и Радовишко, но засилени се и контролите од страна на Шумската полиција и притоа се откриени повеќе дрвокрадци. рт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце