Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски денеска однесе 50 оброци за вработените во службата за итна медицинска помош во Поликлиника Букурешт и 50 оброци за вработените во Полициската станица во Бутел.
Овие луѓе, како што соопшти Општина Бутел, се на правата линија и деноноќно се грижат за нашето здравје и безбедност во екот на оваа пандемија зафатена со коронавирусот.
-Општина Бутел во неколку наврати дели оброци за вработените во сите смени на полициската станица во Бутел и медицинскиот персонал. Апелираме до граѓаните да останат дома, за неопходни работи да излегуваат со заштитна опрема и да држат дистанца помеѓу себе минимум два метра, се вели во соопштението од Општина Бутел.мд/са/