Утрински Весник
Македонија

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Тројца жители на с.Будинарци, Беровско, на 19 април го прекршиле полицискиот час, информираат од ОЈО Берово. Во образложението за овој настан се вели дека трите обвините обвинетите ги напуштиле своите домови во с.Будинарци и сите пеш се упатиле во дворот од куќата на нивен сожител, каде сите заедно со домаќините седеле и се дружеле по повод верскиот празник Велигден.

– Околу 19:00 часот меѓу нив настанало нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад што било пријавено. При интервенција на полицијата кривичното дело е откриено, соопштија од обвинителство.

За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, беровското обвинителство на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 50 глоби по 10 евра или за секој од нив по 500 евра во денарска противредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана