Утрински Весник
Македонија

Во Велес втор ден нема новозаразени со Ковд-19, пет излекувани

Во Велес годинава нема нови случаи на туберколоза

Велес, 24 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на Ковид-19, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје. Денеска има пет излекувани пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 62 лица од кои девет се излекувани, три смртни случаи и 50 активни.

Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, на лекување има 19 пациенти од кои кај 16 е потврдено присуство на Ковид-19, а кај тројца пациенти се чекаат резултатите од земен брис.

Како што појасни д-р Неделковска Николова, сите пациенти во Инфективното одделение се во добра и стабилна здравствена состојба.  Добра вест е што од велешката болница денеска се испишани тројца излекувани пациенти од Ковид-19, а вчера биле испишани четворица, или за два дена од велешката болница се излекувани седум пациенти.ад/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади