Утрински Весник
Македонија

Штипкото обвинителство предложи парични казни за 16 лица за непочитување на полицискиот час

Штипкото обвинителство предложи парични казни за 16 лица за непочитување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Штипското обвинителство до надлежниот Суд на оваа подрачје поведе постапка против 16 лица кои не ги почитувале здравствените прописи во време на пандемија, соопштија од ОЈО Штип.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, наведуваат од Обвинителство.

Со овие дејствија сите обвинети во одделни кривично – правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во Кривичниот законик.

За петмина од обвинетите Обвинителството предложи да се изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 10 евра во денарска противвредност. Додека за 11 лица кои Обвинителството ги товари за истото кривично дело е побарана парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. оџ/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија