Утрински Весник
Македонија

Честитка од Џафери по повод почетокот на Рамазанскиот пост

Претседателот на Собранието во посета на Кина

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод почетокот на светиот месец Рамазан.

-На прагот сме на почетокот на светиот месец Рамазан, и јас имам огромна чест и задоволство да вечерва, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои овој Рамазан, ќе го почнат на невообичаен начин, далеку од верските храмови, меѓутоа блиску до своите најдраги и најблиски членови на семејството, да Ви посакам Рамазанскиот пост да ви биде лесен и прифатен од Севишниот, а молитвите и мислите да Ви бидат искрени, срдечни и упатени до целото човештво, до сите здравствени работници, и сите кои на професионален и посветен начин ги извршуваат своите работни обврски, сега кога целиот свет е исправен пред предизвикот наречен COVID-19 кој што не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Почитувани мои, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски. Верата се носи во срцето, а домот е вашиот храм, нека е честит Рамазан!, стои во честитката од Џафери по повод почетокот на Рамазанскиот пост. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце