Утрински Весник
Македонија

Почна уредувањето на коритото на река Сушица во Радовиш

Почна уредувањето на коритото на река Сушица во Радовиш

Радовиш, 24 април 2020 (МИА) – Почна уредувањето на коритото на река Сушица во Радовиш преку проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југосточниот плански регион во партнерство со општина Радовиш и општина Сандански од Бугарија, како водечки партнер во проектот.

– Со овој проект за прекугранична соработка една од главните активности е уредувањето на коритото на река Сушица во должина од 624 метри со што ќе се реконструира најкритичниот дел од реката кој прави големи проблеми при надоаѓање на водите, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Со реализација на проект планирано е да се изврши чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи со цел да се создаде пристап до реката и да се намалат негативните последици од поплавите, како и подигање на јавната свест кај населението со вклучување на најмладите преку акција за садење дрвја и пошумување на речниот слив.

Градежните работи за уредување на коритото на реката Сушица изнесуваат 324.207 евра. рт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер