Утрински Весник
Спорт

Ред Бул го поддржa Ферари за буџетот, Мерцедес со изненадувачки став

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Бракли, 24 април 2020 (МИА) – Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер го поддржа мислењето на неговиот колега во Ферари, Матијас Биното и, како и Италијанецот, се изјасни против намалувањето на буџетот за помалку од 145 милиони долари. Висината на буџетот во Формула 1 требаше да биде 175 милиони американски долари во 2021 година, но поради пандемијата КОВИД-19, беше решено да се намалат парите што ги трошат тимовите на 145 милиони.

Во последниве недели, идејата за 100 милиони сè повеќе се слуша во Ф1 круговите, штопретставува причина за грижа за шефовите на Ферари и Ред Бул.

Во исто време, доминантниот тим во Формула 1 кој ги освои последните 6 титули кај конструкторите изненадувачки ги поддржува дополнителните драстични кратења на буџетите. Оваа акција се дефинира повеќе како политички потег отколку реална желба за двојно пониски буџети во однос на минатата година.

Поради кризата со КОВИД-19, екипите на Формула 1 решија да ги одложат техничките промени во автомобилите за 2022 година и да ги користат истите автомобили следната година. Девет трки веќе се одложени или откажани оваа сезона, вклучувајќи го и легендарното Гран при на Монако.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија