Утрински Весник
Македонија

Суво и топло време за викендот

Суво и топло време за викендот

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Суво и топло време најавуваат синоптичарите за викендот. Утринските температури ќе бидат над нулата, а дневните ќе достигнат до 25 степени.

Утре, минималните температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 14 до 24 степени. Во недела ќе има пораст и на утринските и на дневните температури.

Веќе од почетокот на следната недела се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, но дневните температури ќе бидат без промени. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце, Мицкоски ќе се обрати на свеченоста

Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци

Промовирана „Е‑наука“ – национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата