Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка до верниците од муслиманска вероисповед по повод започнувањето на светиот месец Рамазан со најискрени желби за лесен пост
и прифатени молитви, здравје и благосостојба во семејствата.
– Овој месец на посветеноста и вербата не наоѓа во тешки околности, но искрениот верник знае дека после секоја потешкотија доаѓа олеснувањето. Да ги зачестиме молитвите, да ги зголемиме добротворните дела, да ја подадеме раката еден кон друг, да бидеме корисни за себе, за општеството
и за Бога, посочува Ахмети.
Во пресрет на почетокот на светиот месец, претставници на ДУИ, како што посочува тој, вчера и денеска посетуваат над 2.000 семејства за да им кажат дека не се сами.
– И повикувам секој од нас да направи се за да си помогнеме едни на други, со добра намера, со
искрени молитви, со правично постапување, повикува лидерот на ДУИ.
Ахмети им посака на верниците многу здравје, посветеност кон семејството и Господ,
душевен мир и бескрајна верба. ев/са/