Утрински Весник
Македонија

Казнени налози против осум лица од Скопје за непочитување на полицискиот час

Казнени налози против осум лица од Скопје за непочитување на полицискиот час

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час. На тој начин тие го сториле кривичното дело што им се става на товар – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од скопското обвинителство.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври