Утрински Весник
Магазин

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од авиосообраќајот, којшто во изминатиов период се смета за главен пренесувач на корона вирусот во светски рамки.

Она што најмногу ги загрижува авиокомпаниите е евентуалната опција да се ограничи бројот на патници во авионите, така што средните седишта во авионот воопшто не би било дозволено да се продаваат. На овој начин, бројот на патници во авионот би можел да се намали и до третина, што всушност би значело изразито намалување на добивката на авиокомпаниите, јавуваат светските медиуми. Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) веќе соопшти дека корона кризата би можела да предизвика загуби кај авиокомпаниите од околу 314 милијарди долари.

Еврокомесарката Валеан посочува дека меѓу мерките што ќе бидат разговарани во Брисел се задолжителната дезинфекција на авионите и аеродромите, но и опцијата за носење маски при патувањето во авион. Овие мерки би можеле да траат до пронаоѓањето на лек или вакцина против Ковид-19.

Поаѓајќи од фактот дека најголем дел од летовите што се одвиваат од македонските аеродроми се врска со земјите-членки на ЕУ, веќе е извесно дека мерките на Европската комисија ќе важат и за летовите што се организираат од Скопје и Охрид. Македонската влада засега нема определено датум за отворање на двата аеродрома, кои за прв пат по неколку години ќе се соочат со намалување на бројот на патници во авиосообраќајот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста