Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб на Oпштина Кичево со јавна благодарност до припадниците на армијата

Kichevo Debar

 

Кичево, 23 април 2020 (МИА) – Кризниот штаб на општина Кичево денеска изрази јавна благодарност до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија.

-Акцијата за дезинфекција на објектите што ги посетуваат граѓаните продолжи и во текот на минатата недела и денеска. Откако ги дезинфициравме училиштата, градинките и градските улици, нашата работа продолжи вo верските објекти. Пред велигденските празници ги дезинфициравме црквите и манастирите, а сега пред почетокот на Светиот месец Рамазан нашата работа се фокусираше на џамиите во градот и селата со цел граѓаните да вршат верски активности во согласност со упатствата и заштитните мерки за Ковид-19, се вели во соопштението од Општина Кичево .

Информираат дека е направена и целосна дезинфекција на работните простори во општината.

Локалната самоуправа изразува посебна благодарност за припадниците на Армијата на РCM за кои како што нагласуваат, со посебна грижа се посветија на дезинфекцијата и одговорија позитивно на барањата на Општина Кичево.рз/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”