Утрински Весник
Спорт

Евро 2020 нема да се преименува, и покрај трансферот на турнирот во 2021 година

Евро 2020 се одлага за 2021 година

Нион, 23 април 2020 (МИА) – Извршниот комитет на УЕФА објави дека името на Евро 2020 нема да биде променето, и покрај трансферот на турнирот поради коронавирусот.

Оваа одлука ќе и овозможи на УЕФА да го одржи оригиналниот концепт на турнирот и да ја прослави 60-годишнината од Европското првенство во фудбал.

– Одржувањето на името ќе ве потсети како целото фудбалско семејство се собра во екстремни околности и одговори на пандемијата на вирусот и тешките периоди со кои преживеа Европа и целиот свет во 2020 година, велат од унијата.

Европското првенство беше одложено за 2021 година и ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026