Утрински Весник
Македонија

Координативниот кризен штаб во Берово со нови мерки и препораки

Координативниот кризен штаб во Берово со нови мерки и препораки

Берово, 23 април 2020 (МИА) – Зелениот пазар во Берово ќе почне со работа од наредниот четврток, 30-ти април, но ислучиво за земјоделски производи и со задолжително носење на заштитни маски и ракавици, како за продавачите на тезгите, така и за посетителите на пазарот.
Ова е една од главните препораки донесени на состанокот на координативниот Кризен штаб во Берово, од каде потенцираа дека уличните препродавачи на градинарски производи кои немаат дозвола за вршење на таква дејност, ќе бидат контролирани и соодветно санкционирани од инспекциски служби.
-Тезгите ќе бидат распределени, додека посетителите ќе мораат да се придржуваат до препораките за растојание, на двата влеза на пазарот ќе има редари кои ќе внимаваат дали ќе се следат насоките, информираа од Кризниот штаб.
Аптеките кои ќе сакаат да пријават дежурство за време на полицискиот час, потребно е да достават барање за работа за време на полицискиот час, додека согласно усвоените заклучоци на сопствениците на објекти, кои се користат за комерцијално сместување на туристи им се препорачува придржување кон заклучоците од претходниот состанок на кризниот штаб, односно да се воздржат од комерциојално сместување периодов.
– Дозволи за движење на нерегистрираните сточари ќе се издаваат за подолг временски период, односно сите оние кои немаат регистрирани стопанства, а имаат потреба да се движат за време на полицискиот час, потребно е да достават барање до општина Берово, и во да наведат, кој – со лични податоци (од лична карта), кое време (од полицискиот час), со кое возило (регистерски таблички), кои денови ќе има потреба да се движи и на која територија. За викендот нерегистрираните земјоделци кои ќе имаат неодложни активности истотака можат да поднесат барање, додадоа од Кризниот штаб.
Барањата, како што напоменаа, треба да се доставуваат од понеделник до петок најдоцна до 13:30 часот во просториите на Општината, а ќе се однесуваат за движење за време на полицискиот час во деновите сабота од 15 до 19 часот и недела од 10 до 16 часот. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава