Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка набави нови 40 контејнери

ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка набави нови 40 контејнери
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 23 април 2020 ( МИА) – Јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка набави нови 40 пластични контејнери кои се поставени на повеќе локации во централното градско подрачје.
Набавката е извршена согласно годишната програма за работа и планот за јавни набавки на ЈП „Комуналец” за тековната година.

-Новите пластични контејнери се распоредени на повеќе локации низ централното градско подрачје. Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугите за собирање и депонирање смет. Садовите за отпад се поставени на локации на кои во изминатиот период беше констатирано дека се генерираат поголеми количини  отпад, информира директорот на ЈП „Комуналец”, Крива Паланка, Миле Марковски.

Од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка посочуваат дека во следниот период со стратегијата за регионално управување со отпад, општината ќе добие донација од 192 садови за отпад, со што целосно би се задоволиле потребите на јавното комунално претпријатие на подолг временски рок. иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците