Утрински Весник
Македонија

Екипи на „Национални шуми“ дезинфицираа установи и институции во Гостивар

Екипи на „Национални шуми“ дезинфицираа установи и институции во Гостивар

Гостивар, 23 април 2020 (МИА) – Екипи на јавното претпријатие „Национални шуми“ денеска спроведоа дезинфекција на повеќе установи и институции во Гостивар.

Во активностите за дезинфекција се опфатени објектите на Општата болница „Ферид Мурад“, Гостиварската полициска станица, седиштето на Муфтинијата, зградата во која се сместени Основниот и Апелацискиот суд.

Заменик-директорот на Национални Шуми“, Берат Дехари појасни дека овие активности биле во насока да се заштити здравјето на граѓаните во време кога земјата се соочува со пандемија на Ковид – 19. Дехари посочи дека дезинфекција веќе ќе се врши и во други градови.

Дезинфекција на речиси сите колективни згради во Гостивар изврши комуналните претпријатија од каде информираа дека редовно се дезинфицираат и улиците во околните населби и низ градот. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни