Утрински Весник
Спорт

Одреден краен рок за завршување на првенствата

Одреден краен рок за завршување на првенствата

Нион, 23 април 2020 (МИА) – УЕФА го посочи 3 август (понеделник) како краен рок за завршување на фудбалските првенства.

Ова значи дека ако првенството не се заврши до тој датум, тоа ќе биде суспендирано.

Покрај тоа, секоја федерација треба да достави до 27 мај свој план за завршување на првенството.

Ова ќе овозможи преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ