Утрински Весник
Македонија

Помош за 61 семејство во Кичево од мобилните тимови на Црвениот крст

Помош за 61 семејство во Кичево од мобилните тимови на Црвениот крст

Кичево, 23 април 2020 (МИА) – Црвен крст на Општинска организација во Кичево, продолжува со теренска сервисна услуга на мобилниот тим за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштените лица, лица со попреченост и самохраните родители кои не можаат да излезат од дома.

Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево изјави дека досега се услужени 61 семејство.

– Црвен крст преку мобилните тимови продолжува да дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19, досега се услужени вкупно 61 семејство, финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Кока-Кола компанијата и Пивара Скопје, изјави Лазеска. рз/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

МВР: Пријавено оштетување на вратата од Амбасадата на Р. Бугарија

МВР: Повторените Локални избори 2025 завршија без нарушувања на јавниот ред и мир