Утрински Весник
Македонија

Двесте заштитни одела донирани од кинескиот град Дејанг за Прилеп

Двесте заштитни одела донирани од кинескиот град Дејанг за Прилеп

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Двесте заштитни одела беа донирани денеска на церемонијата во Амбасадата на Република Северна Македонија во Кина за градот Прилеп од збратимениот град Дејанг, од провинцијата Си Чуан.
На церемонијата присустуваше конзулот Весна Андреевска и претставникот на градот Дејанг во Пекинг, Џао Ке.
-Од почетокот на избивањето на епидемијата, ние сме заедно со вас во справувањето со кризата и надминувањето на тешкотиите во вашите напори да ја победите пандемијата. Во изминатите неколку недели, вирусот се шири брзо и масовно во повеќе земји во светот. Дознавме дека во моментов се шири и во Северна Македонија, исто така, што ве става во клучна улога во борбата против него. Ние сме со вас. Вирусот ги урна сите граници, но љубовта ќе преовлада во светот. Во овие тешки времиња, од името на локалната Влада на Дјанг и на четирите милиони жители ви испраќаме поддршка на вас и вашиот народ. Ние обезбедивме дел од потребните материјали за донација за нашите пријатели во Прилеп, придонесувајќи во вашата борба против пандемијата. Во овој момент ние цврсто стоиме заедно со вас и вашите напори да се справите со ситуацијата, се наведува во писмото на градоначалникот на Дејанг, Хе Ли. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме