Утрински Весник
Македонија

Дванаесет лица од Битола не го почитувале полицискиот час и самоизолацијата

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Дванаесет лица во Битола не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија и за нив Основното јавно обвинителство поднесе предлози за изрекување казни.

Седум од нив не ја почитувале забраната за движење во полициски час и за нив се предлага парична казна од 100 дневни глоби, а секоја глоба да биде во висина од по 20 евра.

Останатите пет лица, кои биле во државен карантин во траење од 21 ден во хотелот Молика, биле затекнати како се сбираат во една соба иако им било забрането да ги напуштаат своите соби.

За четворица од нив, Обвинителството бара да им се изрече парична каза од по 100 дневни глоби во вредност од по 20 евра.

За лицето во чија соба биле затекнати се предлага парична казна од 100 дневни глоби со тоа што секоја глоба да биде во висина од по 30 евра. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ