Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп пет нови случаи на заболени од корона вирусот

„Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на КОВИД 19

Прилеп, 23 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска има регистрирано пет нови случаи на лица заболени од корона вирусот, информираат од Центарот за јавно здравје.

На Инфективното одделение во прилепската болница  се хоспитализирани  19 лица позитивни на коронавирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација, и двајцата се негативни на коронавирусот,  но се задржани поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.

Во самоизолација се наоѓаат 348 лица.

Во текот на изминатото деноноќие нема прекршување на полицискиот час. ем/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработени во Министерството за економија си носат вентилатори од дома, климата не е во функција

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден