Утрински Весник
Македонија

Во Кичево приведени шест лица, не го почитувале полицискиот час

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Кичево, 23 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, според статистичките податоци на подрачјето на СВР Охрид, во Кичево шест лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 290 лица во изолација, од кои 21 во Кичево. Од страна на полициски службеници извршени се 76 контроли кај лица во изолација, а 10 се во Кичево.
Моментно, вкупниот број на лицата во самоизолација изнесува 930 лица, од кои во Кичево 145.

Полициските службеници извршија 37 контроли на угостителски објекти. рз/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мерко удри по ДУИ и Ахмети: Ммате двојни аршини, мене ме игнорирате а други ги браните и барате правда

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа

Запленети десетици садници канабис во стан во Аеродром