Утрински Весник
Македонија

Казнени налози за 13 скопјани, не го почитувале полицискиот час

Казнени налози за 13 скопјани, не го почитувале полицискиот час

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија денеска од ОЈО Скопје.

– Обвинетите биле затекнати на различни локации во градот за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за движење и со тоа сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, известија од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на обвинетите да им изрече парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност. оџ​/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето