Утрински Весник
Спорт

УЕФА донесе одлука за учеството на тимовите во евротурнирите

УЕФА размислува на Истанбул да му ја одземе организацијата на финалето во ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 23 април 2020 (МИА) – Идните учесници на европските клупски турнири ќе бидат утврдени само врз основа на резултатите што ги постигнале на соодветните првенства, доколку тие не успеат да завршат.

Конкретно, ќе се погледне кој тим колку поени има освоено од соодветниот број на натпревари, затоа што не секаде се одиграни ист број на натпревари.

Ова беше решено на денешната средба на Извршниот комитет на УЕФА, пренесува „Тајмс“. Ова значи дека се елиминирана можноста да се утврдат учесниците според клупските коефициенти.

Во последните денови се разговараше за опцијата да не се води сметка за рангирањето на тимовите во моментот кога е прекинато првенството, туку да се гледа коефициентот на секој клуб.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk